„Теско“ дефинитивно се повлече од кинескиот пазар

Од:

Најголемиот британски малопродажен синџир „Теско“ продаде 20 проценти од акциите од заедничката компанија во Кина.

Акциите ги купи кинеската фирма „Чајна Рисорсиз Холдинг“ (ЦРХ) за 275 милиони фунти (357 милиони долари) со што „Теско“го заврши повлекувањето од кинескиот пазар.

„Теско“ формираше заедничка фирма со ЦРХ во 2014 година, кога почна повлекувањето од Кина.

– Продажбата на сопственичкиот удел и овозможува на „Теско“ понатамошно поедноставување и фокусирање на бизнисот на основната дејност. Средствата од продажбата ќе бидат употребени за општите корпоративни намени, се наведува во соопштението од „Теско“.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви