„Текнохозе“ почна да гради втора фабрика во Бунарџик

Од:

Италијанската компанија „Текнохозе“ која во Македонија е регистрирана под името „Витек Македонија“ денеска постави камен-темелник на вториот објект во Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик во кој ќе се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок.

Новиот објект ќе биде со површина од 12.000 метри квадратни од кои 8.500 ќе бидат за производство, а 3.500 магацински простор со две рампи за утовар поставен помеѓу сегашниот и новиот објект. Објектот ќе го изведува фирмата „Актива ДОО Штип“, а треба да биде готов до декември идната година.

– Комапнијата „Текнохозе“ е прв странски инветитор кој за само една година се реши повторно да инвестира во нашата земја. Џонсон Контролс таква одлука донесе четири години после својата прва инвестиција, Џонсон Мети по две години, а Текнохозе се одлучи за реинвестирање по само една година. Тоа е силна препорака за сите други потенцијални инвеститори, рече преммиерот Никола Груевски пред поставувањето на камен-темелникот.

Тој нагласи дека тоа јасно говори за задоволството на странските инвеститори со бизнис климата во Македонија и со условите кои се нудат.

– Со новата фабрика која ќе се гради на овој простор „Витек Македонија“ двојно ќе ги зголеми своите капацитети и тројно ќе го зголеми своето производство. Со тоа ќе го зголеми и сопствениот извоз, но и извозот на Република Македонија, прецизира Груевски.

Новата инвестиција, како што кажа, се проценува на 11 милиони евра, а по изградбата на објектите компанијата планира да го зголеми бројот на вработени за нови 150 лица.

– Македонија има капацитети за да прими уште многу фирми и странски инвеститори. Постојано работиме на платформата за подобрување на бизнис уловите, инвестираме во ТИРЗ, патната и железничката инфраструктура, во образованието и конкурентноста на нашите кадри,… Затоа Македонија веќе е забележана како интересна дестинација на мапата на странските инвестиотри, нагласи Груевски.

Вицепремеирот за економски прашања Владимир Пешевски посочи дека примерот на Текнохозе покажува дека странските инвеститори препознале дека Македонија е местото каде може да се направи добра фабрика и да се најдат квалитетни луѓе за работа.

– Се покажува дека бизнис климата во земјава е добра и оти инвеститорите го препознаваат тоа, рече Пешевски.

Сопственикот на „Витек Македонија“, Антонио Витило истакна дека првата нивна инвестиција во Македонија чинела пет милиони евра и биле вработени 35 лица кои произведувале по 15.000 метри армирани гумени црева дневно.

– Во втората фаза производството ќе се зголеми на 45.000 метри армирани гумени црева дневно до почетокто на 2015 година заради барањата што ги имаат нашите клиенти, потенцира Витило.

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели истакна дека италијанските инвеститори во Македонија се чувствуваат како дома не само заради географската близина, туку и поради менталитетот.

– Слободните зони нудат исклучителна можност за инвеститорите и тие се главната причина поради која доаѓаат во Македонија, рече Белели и додаде дека има и други италијански фирми заинтересирани за инвестирање во земјава.

Лани компанијата “Витек Македонија“ го пушти во употреба својот прв капацитет со површина од 3.000 метри квадратни, распространет на земјиште од 2,7 хектари. Заедно со новиот објект компанијата ќе се простира на вкупно 4 хектари и до крајот на 2014 ќе вработи вкупно околу 200 лица.

Италијанската компанија „Текнохозе“ е членка на Групацијата „Витило“ која е во приватна сопственост и вклучува два правни субјекта „Групо Витило СРЛ“ што се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и „Текнохозе СРЛ“ за производство на армирани гумени црева.

Групацијата има годишен обрт од 36 милиони евра и поседува шест фабрики во Италија со околу 200 вработени.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски