Течниот нафтен гас за возилата е број еден алтернативно гориво во ЕУ – чисто, евтино и достапно

Од:

Наспроти подобрувањето на ефикасноста и потрошувачката на гориво, емисијата на штетни гасови од транспортот сѐ уште има удел од една четвртина во вкупната емисија на стакленички гасови во Европа, поради што постои неодложна потреба од брзи решенија со ниска емисија на гасови со користење на постојната инфраструктура.

Течниот нафтен гас за возилата или авто ТНГ е број еден алтернативно гориво во Европската Унија со околу осум милиони возила и над триесет и една илјада станици за точење. Авто-гасот е чист, безбеден, лесен за користење и широко достапен.

Емитува помалку CO2 и многу помалку други полутанти, како што се НОх, а во многу држави е значително поевтин од останатите горива. Дополнително, конвертирањето на постојните возила е лесно и достапно за корисниците и претставува економски исплатливо решение за забрзување на намалувањето на емисијата на стакленички гасови од транспортот, се вели во извештајот „Визијата за автогасот“ на европската LPG асоцијација.

Пренамената на постојната флота возила на авто ТНГ, може значително да помогне во остварување на целите на Европската Унија за декарбонизација и квалитетот на воздухот во градските средини, особено што електричните возила имаат удел од само еден процент во вкупниот број возила во Унијата и процените се дека ќе достигнат 20-30 проценти удел до 2030 година.

Авто ТНГ е чисто, евтино, ефикасно, безбедно и веднаш достапно решение. Според процените на патиштата во Европа има двесте и педесет милиони возила и потребата за мобилност постојано се зголемува, додека над 95 проценти од постојните возила сѐ уште користат конвенционални горива – бензин или дизел-гориво. Во Европската Унија уделот на возила на алтернативен погон изнесува 4,1 процент од вкупната флота и само околу 8 проценти удел во ново регистрирани возила.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина