Тасевска: Ребалансот на Буџетот за 2021 обезбедува повеќе пари за капитални проекти

Од:

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на обезбедување повеќе пари за капитални инвестиции, за вложување во човечкиот капитал, со што ќе се влијае на економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

„Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на приоритетите на Владата, кои до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија“ – рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески