Таксистите ќе добиваат лиценци и без знаење англиски јазик

Од:

Такси превозниците ќе немаат обврска за задолжително познавање англиски јазик при добивање лиценца за работа.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува предложените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се укинува обврската за таксистите за познавање англиски јазик, по поминатата собраниска процедура во прво читање, набрзо да бидат изгласани од пратениците.

Измените, потенцираше ресорниот министер, се прават на барање на такси превозниците.

– Целта е да им ги олесниме условите за работа и да им овозможиме на оние лица кои немаат одреден степен на познавање англиски јазик, а се заинтересирани и компетентни за услугата такси превоз, да се приклучат кон оваа дејност, изјави денеска Сугарески.

Според него, со измените воопшто нема да се доведат во прашање безбедноста во сообраќајот и квалитетот на извршување на такси превозот.

Собранието вчера на предлог на Министерството за транспорт и врски ги усвои измените во Законот во патниот превоз, во прво читање. Законските одредби со кои таксистите добија обврска за задолжително познавање англиски јазик како услов за добивање лиценца беа изгласани во 2013 година, а стапија во сила од почетокот на минатата година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска