„Тајм Ворнер“ се раздели со „Тајм инкорпорејтед“

Од:

Медискиот конгломерат Тајм Ворнер се раздели со Тајм инкорпорејтед ставајќи крај на учеството во печатените медиуми кои некогаш беа основата за успех на компанијата.

Тајм ворнер ќе почне со работа како одделна компанија до крајот на годината. Одлуката е донесена откако пропадна преговорите за спојување на Тајм инкорпорејтед со Мередит, главен издавач на списанија за жени.

– Одвојувањето ќе даде можност на Тајм Ворнер да се фокусира на филмови и телевизиски бизнис кои се подоходовни, вели во соопштение извршниот директор Џеф Бјукс.

Компанијата е сопственик на тв-каналот Ејџ-Би-О и на Ворнер брадерс.

Тајм во изминатите неколку години бележи пад на бројот на читатели и на интерес за реклами во најголемите изданија – Спорт илустрејтед, Пипл и Ин Стајл. Минатата година продажбата е намалена за седум отсто, а приходите за 25 отсто. Планирано е намалуавње на персоналот за 500 луѓе од осум илјади колку што работат во моментот.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество