Тајландскиот крал меѓу најбогатите во светот

Од:

Од штабот на воената хунта во Бангкок денеска е издадено кусо соопштение во кое се кажува дека Неговото Величество, кралот Бумибол Адулјадеј (86) до денеска добил две известувања за развој на состојбата во Тајланд по државниот удар. Во соопштението на хунтатаа нема ни збор за тоа како реагирал кралот, кој формално е и врховен командант на тајландската, кралска, армија.

Споменувањето на тајландскиот крал се доведува во врска со желбата на водачите на воената хунта да докаже дека за преземените чекори има согласност од кралската куќа. Кралот и семејството веќе една година не живеат во Бангкок, а сместени се во кралскиот имот што се наоѓа на морски брег.

Аналитичарите на развојот на ситуацијата во Тајланд во речиси сите текстови не испуштаат да нагласат дека кралот Адулјадеј, покрај тоа што има големи овластувања во општетсвото, вклјучувајќи ги и религиозните права како поглавар на будистите, е не само  најбогат човек во Тајланд, туку и еден од најбогатитет на светот.

Според Форбс, кралот на Тајланд има богатство од 30 до 35 милијарди долари, најмалку 10 милијарди повеќе од султанот на Брунеи, кој до пред две години беше прогласуван за најбогат монарх во светот.Неговото име и углед, како и угледот на бројното кралско семејство, се заштитени со уставот, а прекршителите на законот кој забранува да се критикува,или исмева, кралот се казнуваат и до 15 години затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шест лица загинаа при пад на полициски авион во Тајланд

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Нова драма во главниот град на Тајланд неколку дена по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар

Лоренцо неизвесен за трката во Тајланд

Илјада најбогати жители на Британија поседуваат 658 милијарди фунти

Наум Локоски

Принцезата од Тајланд во посета на Македонија

Ана Ололовска