Сугарески: Реконструкција на регионалните патишта до граничните премини со Бугарија

Од:

На регионалниот пат Делчево-Звегор- Граничен премин „Делчево“ од денеска се одвиваат активности за асфалтирање со планираната реконструкција која се очекува да биде завршена годинава.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, станува збор за многу значаен пат, бидејќи е дел до рутата на Коридор 8 што нѐ поврзува со Република Бугарија и најчесто користен патен правец за излез од држвава.

– Реконструкцијата заедно со изработката на проектот е започната минатата година и очекуваме оваа година патот комплетно да биде завршен, а превозот на стока и патници да биде олеснат што ни е и крајна цел. Она што е многу важно и што ни е приоритет како Влада е да обезбедиме брза конекција со граничните премини. Од таа причина започнавме со реконструкција на овој патен правец кој води до граничниот премин Делчево, рече Сугарески кој со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски извршија увид во текот на работите за реконструкција.

Сугарески очекува оваа година ЈПДП да започне со реконструкција и на делот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, а исто така, се планира реконструкција и на патниот правец од Берово до граничен премин Клепало со Бугарија.

-Тоа значително ќе ја олесни комуникацијата со нашиот сосед Бугарија, а верувам дека ќе влијае и на економската погранична соработка меѓу општините од овој дел на земјата со тие од бугарска страна. Вложуваме сериози инвестиции во патната инфраструктура, преку една милијарда евра инвестиции за изградба и реконструкција на патиштата, истакна Сугарески.

Реконструкцијата на патниот правец Делчево-Ѕвегор-граничен премин во должина од пет километри, е дел од пакетот проекти кои се реализираат преку Светска банка, каде оваа година е предвидена реконструкција и на 10 километри на делницата Делчево-Пехчево, Берово-Виница во должина од 11 километри. Вкупниот буџет за овие проекти е 3,3 милиони евра.

– Очекувам градежните работи да завршат до крајот на јуни, по што ќе се реконструира и булеварот, односно А3 Транзит низ Делчево – лев и десен коловоз , каде се започнати подготвителните работи. Вредноста на работите е 500 илјади евра, средствата се обезбедени од Буџет на ЈП за државни патишта. Во овој регион минатата година се реши едно круцијално прашање, а тоа е реконструкцијата на патот Кочани-Делчево и во истиот период потенциравме дека многу патишта од овој регион изминатите 30-40 години не се чепнати, истакна директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски изрази задоволство од реализацијата на проектите, бидејќи оваа делница, но и транзитниот булевар се реконструираат првпат откако е изграден пред неколку децении.

– Квалитетот на животот на сите граѓани на РМ мора да биде на исто ниво. Денеска сме сведоци на еден проект кој можеме да го наречеме не Скопје 2014, туку Делчево 2019, односно на една градежна експанзија која ќе го подобри квалитетот на животот. Ние бевме сведоци за лошата состојба во која се наоѓа коловозот веќе подолго време што, секако, влијае и на безбедноста во сообраќајот, бидејќи овде транзитираат возила кон Бугарија, односно влегуваат во Македонија, но се оддава и лоша слика за градот како погранично место. Добрата инфраструктура значи и добра основа за економски развој, посебно во овој пограничен дел, рече Трајковски.

Посетата на министерот Сугарески и директорот Китанов во Делчево започна со работна средба со градоначалникот Трајковски каде беа презентирани актуелните и идните проекти кои се планирани во програмата на Општина Делчево, а ќе се реализираат со поддршка на ресорното Министерство и ЈПДП.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска