Сугарески разговараше со претставници на Визер за можностите за зголемување на соработката

Од:

Соработката меѓу Владата и авиокомпанијата Визер во насока на поддршка и развој на авиосообраќајот во Република Македонија била тема на разговор на денешната работна средба меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со претставници од оваа нискобуџетна авиокомпанија.

Министерот Сугарески, како што соопшти неговиот кабинет, потенцитрал дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија е еден од приоритетите на Владата и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на достапни дестинации во Европа и светот.

На средбата министерот Сугарески го отворил прашањето на зголемување на капацитетите на Охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за бројни дестинации, како една од заложбите на Владата за развој на воздушниот сообраќај во земјава.

– Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е неискористен потенцијал и во таа насока ќе се обидеме да го раздвижиме авиосообраќајот и на тој аеродором и да обезбедиме што повеќе дестинации од страна на нискобуџетни компании. Тоа е и една од мерките предвидени во Програмата на Владата на Република Македонија. Нашите заложби како Влада и понатаму ќе континуирано подобрување на авиосообраќајот во Република Македонија, истакнал министерот Сугарески.

На претставниците од авиокомпанијата Визер, Сугарески им ги образложил идните планови на Владата на Република Македонија за развој и поддршка на ависоообраќајот во земјата, притоа нагласувајќи ја поддршката во насока на обезбедување на што поголем број на дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија.

– Владата и Министерството за транспорт и врски кон сите авиокомпании кои работат на македонскиот пазар, вклучувајќи ја и компанијата Визер, гледа како партнер во развој на авиосообраќајот во земјата, потенцирал Сугарески.

Имајќи предвид дека авиокомпнијата Визер превезува над половина од вкупниот број на патници превезени на двата аеродроми и обезбедува летови кон 27 дестинации, министерот Сугарески им честиташе за таквиот успех и ја отвори можноста за зголемување на соработката и во наредниот период се со цел граѓаните да добијат квалитетни услуги и широка мрежа на достапни дестинации за патување.

Во таа насока, како што е посочено во соопштението, заложбите на Владата на Република Македонија е преку развој на ависообраќајот да обезбеди и раст на економијата, туризмот и да ги зголеми културните врски со останатите земји од Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска