Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Скопје разговараше со амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара за зголемување на соработката меѓу двете држави во делот на транспортот.
Тој, како што соопшти ресорното Министерство, ја информирал турската амбасадорка за инфраструктураните проекти што ги реализира Македонија, а се од капитално значење за државата и регионот.
– Како држава имаме многу заеднички работи со Турција. Во име на добрите односи, со амбасадорката разговаравме за продлабочување на таквата соработка која ќе биде од значење за двете земји, истакнал Сугарески.
Двајцата соговорници оцениле дека средбата е од голема важност за двете земји и оти во следниот период дополнително ќе се залагаат за зголемување на соработката.