Сугарески: Проблеми во проектот и наплатата и на експресниот пат Прилеп – Градско

Од:

Проблеми во проектот и во наплатата на средствата што треба да ги исплати Јавното претпријатие за државни патишта се воочени и при изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој посочи дека се работи за слични проблеми како оние на автопатот Кичево – Охрид каде во моментот се одвиваат градежни активности со минимален интензитет.

– Во неделата бев во посета на автопатот Кичево – Охрид каде се работи со минимален интензитет во делот на бетонските работи. Проблемот со свлечиштето коешто е појавено на патот Кичево – Пресека е сериозен така што тоа не може да се реши со ад хок решение, истакна министерот Сугарески при денешната прва средба со претставници на Комората на овластени архитекти и инженери.

Тој најави сериозна анализа на сите делници кои се градат во државата бидејќи, како што рече, очигледно е дека во изминатиот период имало направено сериозни проблеми при изградбата на патиштата.

– Сакам да ги видам проблемите коишто се случуваат на делниците кои се градат бидејќи она што опозицијата во моментот го претставува дека само треба да продолжи да се гради, без да се направи анализа, очигледно дека нема да биде можно, нагласи министерот Сугарески.

За автопатот Кичево – Охрид, како што посочи, најверојатно ќе треба да се исплатат дополнителни средства бидејќи последната направена пресметка покажала дека ако се се одвива според планираното, нема да биде под 120 милиони евра.

Рокот за изведба на автопатот Кичево – Охрид е 31 јануари 2018 година.

Во однос на можноста за дислокација на објекти од проектот „Скопје 2014“, министерот Сугарески рече дека се прави анализа по што ќе се види каде постои простор и услови за дислокација бидејќи треба да се има предвид дека понекогаш дислокацијата може да чини колку градењето на спомениците.

Со ребалансот на Буџетот, во Министерството за транспорт ќе бидат скратени средствата од непродуктивните трошоци. – Ќе се крати од сите непродуктивни трошоци кои се однесуваат на купување мебел, возила….Некои стапки ќе бидат сведени на нула, рече министерот Сугарески.

Од Комората на овластени архитекти и инженери посочија дека целта на оваа прва средба со министерот е да го запознаат со овластувањата и работата на Комората, а најавија дека ќе разговараат и за измени на Законот за градење во делот којшто се однесува на категоризацијата на градбите.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска