Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека воопшто не постои јавната набавка за пијалоци на Министерството за транспорт и врски за која вчера информираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.
Сугарески очекува извинување од пратеничката за, како што рече, дрската и безобразна лага, а во спротивно најави дека ќе ги употреби сите правни средства со цел да го зашти угледот на Министерството за транспорт и врски и неговото лично достоинство.
– Ова не е закана, ова е апсолутно начин на којшто еднаш засекогаш треба да прекинат лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се спаси од она што следува. Тоа нема да го дозволиме. Таков тендер и јавна набавка не постои, ако има нека ја покажат, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за транспорт и врски.
Пешевска вчера изјави дека на електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на алкохолни, безалкохолни пијалоци и апетисани, според кој договорен орган е Министерството за транспорт и врски, а за кој проценетата вредност е над 24.000 евра.