Сугарески: Да не се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип додека не завршат неопходните проверки

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира граѓаните да не возат по новиот автопат Миладиновци -Штип се додека не завршат сите неопходни проверки и додека официјално не биде пуштен во употреба.

– Градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип во сите три секции се комплетно завршени. Автопатот е многу важно да биде пуштен во употреба и тоа ќе се стори, меѓутоа поважно е уште еднаш да се извршат безбедносни проверки по сите елементи на автопатот и тоа ќе се случи во наредните денови, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека се прават дополнителни проверки со цел возачите да бидат безбедни кога возат по тој пат.

– Автопатот ќе биде за многу скоро време пуштен, меѓутоа апелирам доддека не биде пуштен во употреба возачите не треба да го возат, истакна Сугарески.

Прашан за одземањето на ингеренциите на општините за управување со плажите, Сугарески рече дека ќе се предложи преземање на ингеренциите за сите општини, а не само за Охрид и Струга.

– Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините, рече Сугарески и додаде дека надлежностите за градежното земјите си остануваат кај општините.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска