Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура.
– Министерството за транспорт и врски со КФВ банката досега има успешна соработка. Во таа насока, на денешниот состанок побарав дополнителна поддршка за проекти во делот на локалната патна инфраструктура. Се надевам дека претставниците на КФВ детално ќе го разгледаат и ќе го прифатат овој предлог, изјави министерот за Сугарески.