Строго ограничено рекламирањето на обложувалници и на казина во Шпанија

Од:

Шпанската Влада донесе одлука за драстично намалување на рекламирањето на спортски обложувачници и коцкање во медиумите и на интернет, со цел да се спречат социјалните проблеми предизвикани од зависноста од коцкање, особено кај младите.
Регулативата забранува рекламирање на обложувачници и игри на среќа на телевизија и радио, освен помеѓу 01.00 и 05.00 часот и целосна забрана за рекламирање на интернет и социјалните мрежи.
Указот ќе стапи на сила веднаш штом ќе биде објавен во Службен весник.
Јавните личности, почнувајќи од спортски sвезди, повеќе нема да можат да се појавуваат во рекламирање за обложување и коцкање, додека обложувачници повеќе нема да можат да спонзорираат натпревари или клубови, иако тие имаат „многу важна улога“ во тоа.
За непочитување се предвидени казни до милион евра.

Би можело да ве интересира

Два дена хаос во возвите во Шпанија поради украдени кабли

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Шпанија прогласи вонредна состојба

А1он

Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

А1он