Стопанствениците ги кажаа забелешките за законот за финансиска поддршка на инвестициите

Од:

Вицепрмеирот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши на ден пред влегувањето на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите во владина и собраниска процедура на работна средба со претставници на Стопанската комора на Македонија ги слушнаа мислењата на стопанствениците.

Целта на денешната средба, посочи Анѓушев, е да се направат завршни консултации со стопанствениците околу нивните забелешки и видувања на законот со цел неговиот текст да се подобри колку што е можно повеќе во интерес на економијата и на развојот на индустријата.

– Досегашните забелешки добиени преку јавните дебати во изминатите шест месеци беа вградувани во законот, а денеска слушнавме неколку корисни. Ценам дека конечно добивме текст кој ќе биде применлив и лесно имплементирачки и ќе даде резултат во развојот на економијата, изјави Анѓушев по средбата.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески нагласи дека членките на Комората веќе шест месеци ја разгледуваат и даваат масовна поддршка на Програмата за економски раст и додаде дека стопанствениците ќе имаат финасиски импликации доколку не стане оперативна.

– Максимално ќе ја поддржиме Програмата и донесувањето на законот, како и нивната имплеметација, бидејќи со нив на еден начин во законски текст се преточени нашите барања од 2011 година. Законското решение оди во владина и собрансика процедура, завршните сметки се веќе готови, а оперативни се и финасиските средства во Буџетот за поддршка поради што можеме да очекуваме брза постапка во која фирмите ќе бидат поттикнати да инвестираат и да испорачуваат нови вработувања, рече Азески.

Тој посочи дека според последните проценки околу 8.000 компании ќе имаат бенефит од Програмата, а тоа, како што рече, е сериознен импакт за економијата и за клучните барања на Комората за развој на индустријата и извозот, како и за нови вработувања. Во таа насока, како што кажа, во четвртокот Стопанската комора ја повика најголемата опозициска партија да го поддржи ова законско решение.

Би можело да ве интересира

Oтворено писмо до јавноста од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски