Стопанската комора на Македонија ги поздравува најавените мерки од Владата

Од:

Најавите на Владата за зголемување на капиталните инвестиции, пред се во модернизацијата на патната и железничката инфраструктура, според Стопанската комора на Македонија се важен развоен стимул.

Во соопштението наведуваат дека тоа е еден од приоритетите на проектот 3И – инвестиции, инфраструктура, извоз, промовиран од бизинис-заедницата во Стопанската комора на Македонија, уште во 2010 година.

– Заемот, односно обезбедената кредитна линија со 2 отсто камата од Ексим банка од НР Кина, е позитивен сигнал за можностите за достапни поволни кредитни линии на светските финансиски пазари, за кое задолжување во функција на изградба на долго најавуваните инфраструктурни зафати, Стопанската комората на Македонија даде целосна поддршка, наведуваат во соопштението.

Во делот на императивната поддршка на извозот, како втор приоритет, Стопанската комора на Македонија оценува дека се неопходни активности и мерки за олеснет пристап на третите пазари и стимулација на домашните извозни компании за поголем степен на конкурентност, посебно во услови на се уште ненадмината стагнација на светската побарувачка.

Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Владата да донесе закон за финансиска дисциплина, кој бизнис-заедницата го бараше уште во 2010 година, во функција на подобрување на ликвидноста. Одредбите од него со рок на исплата на паричните трансакции од максимум 60 дена, со можен договор за 120 дена, како и неговата важност за должничко-доверителските односи меѓу правните лица од приватниот сектор, но исто така и меѓу приватниот и јавниот сектор се за поздравување.

– Одредбите пред се треба да бидат во функција на зголемување на дисциплината, за што се надеваме дека во рамките на јавно-приватниот дијалог заедно ќе формулираме соодветни одредби за таа цел, како не би имале закон само за казнување, имајќи ја предвид моменталната крајно изострена меѓусебна задолженост, стои во соопштението.

Стопанската комора на Македонија ги поздравува досегашните и најавените измени во Законот за стечај, како еден клучен елемент во бизнис-климата и еден од критериумите за оценка на бизнис-климата во Дуинг бизнис.

– Но, покрај скратените рокови само во насока на брзо завршување на стечајните постапки и електронска продажба на имотот пред да изгуби од вредноста, треба да се дополни и со поефикасна претстечајна постапка, сметаат од Стопанската комора.

Во тој контекст, Комората е на став во рамките на јавно-приватниот дијалог да се изнајдат најсоодветни одредби во делот на претстечајното порамнување, се во функција на перспективните фирми, со добри планови за реорганизација да продолжат да работат и да ги задржат вработените.

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување