Стопанска комора: Влошена состојбата во металургијата

Од:

Металургијата се соочува со сериозни проблеми. Производството во речиси сите капацитети е дисконтинуирано, пазарните прилики не се поволни, ниту има нешто на повидок што може да даде позитивни сигнали, оценуваат од секторот.

Како што беше речено денеска на  прес-конференција во Стопанската комора, и извозот е едвај на ланското ниво.

Резултатите не се погубни само за гранката, туку ќе се рефлектираат врз целата на економијата.

– Првиот квартал од годинава не е добар, остварувањето е пониско од минатата година. Ако индексот на индустриското производство во јануари-март е 103, во металургијата, кај основните метали е 96,5, а кај вадењето руди за метали 97,4, истакна денеска на Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата.

Според него, металургиските претпријатија моментно се борат за континуитет во производството што ќе им ги намали трошоците и ќе им овозможи да останат конкурентни.

– Актуелната состојба е последица од економската криза која особено ја погоди Западна Европа каде ние извезуваме. Да се инвестира во вакви времиња е многу тешко, а ефектите од вложувањата пред кризата сега не може да се почувствуваат, посочи Кочовски.

Дејноста е во криза, додаде, полни шест години. Од 2007-ма досега, производството е преполовено.

– Постои фама во нашата политичка јавност дека металургијата е застарена индустриска гранка која припаѓа на некои минати времиња, дека е застарена и изумира, но напротив, таа е една од носечките сегменти на светската економија, подвлече Кочовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, нагласи дека некои од капацитетите добија пролонгирани рокови, 6 до 7 месеци, за инсталирање на еколошката опрема.

На прес-конференцијата беше најавен претстојниот меѓународен металургиски конгрес што ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни во Охрид. Претседателот на Сојузот на метаурзи Свето Цветковски рече дека се очекува да бидат отворени суштински прашања и да се понудат решенија за надминување на проблемите. Во фокусот ќе биде и соработката на регионално ниво. Присуство потврдиле голем број домашни и странски експерт меѓу кои од Финска и Турција.

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување