Стопанска комора: Настап на нови пазари за раст на извозот

Од:

Покрај воспоставената слободна трговија со ЕУ и ЦЕФТА, натамошната либерализација на трговијата на Македонија мора да продолжи, со приоритет во размената со Русија. Треба да се искористи и трговијата согласно Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло, кон која Македонија пристапи во јули лани, а што ќе се применува од 1 јануари 2015 година.

Такви пораки денеска упати Стопанската комора на Македонија, од каде оценуваат дека настапот на нови пазари е предуслов за раст на извозот. Свртувањето кон новите пазари е неопходно поради тоа што за македонските главни извозни дестинации Меѓународниот монетарен фонд за годинава процени пад на економските активности во Европската унија од – 0,3 проценти.

– Со негативно корегираните проекции од страна на ММФ, како и постојните ризици од случувањата во еврозоната, на краток рок, не можеме да очекуваме позначајно поместување во побарувачката од ЕУ, и покрај забележеителниот пораст во првиот квартал од годинава, рече на прес-конференција Стојмирка Тасевска, виш советник во УО на Комората.

Таа истакна дека врз основа на традицијата во надворешно-трговската размена на РМ во периодот пред транзицијата, сегашната насоченост во извозот, како и насочувањето на извозот на среден рок, за Македонија се клучни четири извозни пазари. Тоа се ЕУ, за каде се препорачува извозна насоченот и на други пазари, ЦЕФТА, во чии рамки се укажува на потребата за поагресивен настап и на пазарите во Босна и Херцеговина, особено по ослободувањето на дел од пазарот на земјоделско-прехранбени производи за извоз од Хрватска, како и пазарот на земјите на Заедницата на Независни Држави (Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Украина, Узбекистан и Туркменистан), но и Блискиот и Среден Исток, земјите од Заливот и Северна Африка.

Анкетата што ја спровела Комората кај извозните компании во мај годинава, покажала дека за настап на новите пазари имаат повеќе проблеми. Утврдени се проблеми со високи царини, односно немање преференцијална трговија, сиромашна билатерална регулаторна рамка, немање развиена мрежа на дипломатско конзуларни претставништва во најголемиот дел од тие земји, невоспоставена царинска и инспекциска соработка, транспортни проблеми, ….

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување