Стоименов од АПИС: Предложените измени на Законот за игри на среќа ќе предизвикаат огромна штета и само ќе направат простор за играње „на црно“

Од:

Предложените измени на Законот за игри на среќа, покрај тоа што се неуставни и противзаконски, доколку истите поминат во Собранието ќе предизвикаат огромна штета не само на секторот – игри на среќа, туку и за државата, а најмногу на 10 илјади вработени во овој сектор чии работни места се загрозени со последното законско решение, тврди претставникот на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, Горан Стоименов во денешното гостување во емисијата „Утринска на Телма“

„Сметам дека е преригорозно тврдењето дека Македонија станува коцкарска нација. Македонија од ништо не отстапува од начините на кои што е регулиран овој сектор во ЕУ, а и секаде во светот, ниту помалку ниту повеќе. Одговорно тврдам дека постоечкиот закон за игри на среќа е еден од најстрогите на Балканот, кој што предвидува целосна контрола над секој сегмент од оваа индустрија. Овој сектор вработува 10 илјади лица и во буџетот придонесува годишно 280 милиони евра или прецизно 6 проценти од вкупниот буџет кој што е предвиден за 2023 година на ниво на држава“, истакна Стоименов.

Стоименов предупреди дека доколку се продолжи со постапката за носење на измените на Законот во процедура со европско знаме, приредувачите на игри на среќа ќе бидат принудени да преземат чекори за да ги заштитат првенството своите вработени.

„Нашите следни чекори се користење на сите демократски средства што ни стојат на располагање. Ќе излеземе на масовни протести. Станува збор за 10 илјади вработени или 10 илјади семејства кои доколку поминат овие измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, каде повторно ќе работат во истиот сектор. Ние мораме да ги заштитиме нашите вработени бидејќи со ваквите измени кои се неуставни и се носат во постапка во која што се става европско знаме единствено од причина да се скрати постапката, да не се дебатира по овие предлог измени и да поминат во Собранието на брза лента“, рече Стоименов.

Стоименов потсети дека и покрај барањата на Асоцијацијата да бидат вклучени во изготвувањето на новото законско решение, сепак тоа не се случило.
„Не сакаме да се создаде слика дека ние генерално сме против измени на законот, но бараме тие измени да бидат донесени со наше активно вклучување. Побаравме и од Владата и од Министерството за финансии наши правни тимови да бидат вклучени во изработката на измените со цел решенијата да бидат одржливи на среден и долг рок. Иако министерството писмено нè информираше дека ќе го побараат нашето мислење претходно, никој од надлежните не нè контактираше. Прв пат слушнавме за измените, откако владата ги усвои на седница“ вели Стоименов.

Одговарајќи на наводите на претставникот на Антикоцкање, Стоименов го изнесе фактот дека досега од ниту една институција не е евидентирано присуство на малолетник во објектите за игри на среќа.

„Во автомат клубовите строго е забрането присуство на малолетни лица со комплетна целосна контрола. Не може да влезете во овој објект ако немате лична карта, за да се исплати било каква добивка пак мора да приложите лична карта, бидејќи таа добивка подлежи на оданочување. Значи ова се наводи без било какви факти. Не постои ниту еден записник од надлежна институција, кој што се однесува на некоја од членките на АПИС, каде што е наведено дека е евидентирано присуство на малолетни лица во нашите објекти. Ова е неосновано и со ова се дефокусира јавноста“, нагласи Стоименов уште еднаш предупредувајќи дека доколку се донесат предложените законски измени тоа ќе доведе до затворање на 100 % легален бизнис и ќе остави простор за организирање на игри на црно врз кои што државата нема да има ниту контрола, ниту пак економски бенефит.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стоименов: Ќе бараме отштета, плативме лиценци за повеќе години, а сега не затвораат

Александар Тодески

Пендаровски не кажува дали ќе остане на најавата дека нема да го потпише Законот за игри на среќа – Став ќе има откако ќе го добие законот

Мнозинството од понеделник со нов обид да го помине Законот за игри на среќа со европско знаменце

„Сакам да работам“ за евентуалниот локален референдум во Тетово: Зошто ги премолчувате причините заради кои Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа?

Ана Ололовска

Измените на Законот за игри на среќа се во согласност со препораките на ЕУ вели премиерот

Катерина Ѓуровски