Мнозинството од понеделник со нов обид да го помине Законот за игри на среќа со европско знаменце

Од:

Предлог Законот за игрите на среќа кој од февруари годинава стои во Собранието повторно со обид да се протне на седница. Вчера не беше изгласан дневен ред, но како што велат пратеници за А1он, веќе од понеделник ќе има нов обид од пратениците од мнозинството, на пленарна седница да помине потребата од носење на законските измени кои предвидуваат дислокација на казината и обложувалниците на над 500 метри од училиштата, а според опозицијата, во предлог законот има и обид да се легализираат нови три онлајн казина и една нова компанија за слот машини.

„Се работи за истиот Закон што беше доставен во Собранието во февруари. Сега има нов обид да биде поднесен, бидејќи си стоеше како материјал во Законодавниот дом. Вчера беше нов обид да се протне Законот, но веќе од понеделник, повторно ќе се обидат да го изгласаат дневниот ред и овој Закон да помине со Европско знаменце“, велат за А1он од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

А освен ВМРО-ДПМНЕ, против овој закон се и останатите опозициски партии. Пратеникот и лидер на Демократското движење, Изет Меџити вели дека се прави бесплатен театар, со цел поединци да се збогатат.

„До каде оди вашата алчност за пари? Тендерите не ви беа доволни, па сега сакате да го исцедите и последниот денар од граѓаните кои што ги донесовте на маргините на постоењето“, кажа Меџити.

Од Асоцијацијата на спортски обожувалници пак, предупредуваат дека предлог Законот за игри на среќа кој значи крај на легалната индустрија на игри на среќа и широко ќе ја отвори вратата на сивата економија и криминалот.

„Апелираме дека со насилниот обид да се донесе најдеструктивниот закон во историјата ќе се соочите со гневот на 10. 000 вработени во индустријата на игри на среќа кои ќе ги оставите на улица. Со овој предлог закон Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра“, велат од АСОМ.

А1он испрати прашања и до Европската Унија, дали на Законот за игри на среќа треба да стои европското знаменце, но досега одговор не добивме. Од ЕУ претходно на неколку наврати реагираа дека власта го злоупотребува знаменцето за закони кои не значат усогласување со европското законодавство.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

Изгласан законот за нефер трговски практики: Рабатот кај земјоделските производи ќе биде 10 отсто

Орце Костов

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески