Сточниот пазар во Облешево, кој по традиција се одржува во вторник, денеска не работи.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство, и кај овој сточен пазар како еден од најголемите во источна Македонија, се применува мерката против ширењето на болеста син јазик.
– Неработењето на сточниот пазар во Облешево ни создава големи проблеми пред се во работењето на Јавното претпријатие кое стопанисува со пазарот и на кого еден од најголемите приходи му е токму прометот со стока. Ќе ја почитуваме одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство, иако како општина ги презедовме сите неопходни мерки за заштита на добитокот на пазарот, истакна Костадин Личков, градоначалник на општината Чешиново-Облешево.
Сточниот пазар во Облешево се очекува да започне да работи од октомври.