Добитникот на Нобеловата награда, економистот Џозеф Стиглиц предвидува дека Италија, Грција и некои други земји ќе ја напуштат еврозоната во наредните години, а еврото и германските политики за штедење ги обвини за економските проблеми во Европа.
– Европа нема решителност да ги преземе потребните реформи, како што се создавање на банкарска унија, а исто така, нема солидарност преку националните граници, изјави Стиглиц во интервју за „Ди Велт“.
– За 10 години се уште ќе има еврозона, но се поставува прашањето, како ќе изгледа таа? Малку е веројатно дека се уште ќе има 19 членки. Тешко е да се каже кој се уште ќе припаѓа, вели тој.
Според него, полесно е да се каже кој повеќе нема да биде дел од еврозоната, наведувајќи дека луѓето во Италија се повеќе се разочарани од еврото и Италијанците почнуваат да сфаќаат дека Италија не функционира во еврото.
Во исто време, истакнува Стиглиц, Германија веќе прифатила оти Грција ќе ја напушти еврозоната, нагласувајќи дека во минатото ги советувал Грција и Португалија да се откажат од заедничката европска валута.
Стиглиц истакнува дека политиките на еврото и штедењето во Германија се виновни за економската слабост на Европа.
Распадот на единствената валута или поделба на северно евро и јужно евро се единствени реални можности за заживување на застојот во европската економија, тврди тој.