Ставрески: Корекција на даноците нема да има, останува политика на најниски даноци во Европа

Од:

Корекција на даноците во Република Македонија нема да има и додека ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата ќе се задржи политиката на најниски даноци во Европа.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Даночната политика во Република Македонија е најповолна во Европа, така што корекција на даноците нема да има. Ќе се обидеме да ги задржиме на ова ниво за разлика од сите други земји коишто во меѓувреме ги зголемија, нагласи министерот Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со кредитот од Дојче банк, добиен со гаранции од Светска банка во висина од 250 милиони евра, рече дека пред една недела се легнати средствата на државна сметка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација