Ставрески: Има потреба и основа за зголемување на кредитниот раст

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека има потреба од зголемување на кредитниот раст, а основа за тоа се првите знаци за стабилизирање на економијата и високата ликвидност на банките.

– Веќе се гледаат првите знаци за стабилизирање на економијата, што значи дека и ризиците постепено се намалуваат. Има средства за тоа да се реализира, бидејќи банките имаат историски гледано највисока ликвидност. Очигледно треба да видиме заеднички со банките и со фирмите, со Народната банка, каде има потреба од приспособување на одредени инструменти, мерки и политики. Доколку можеме ние како Министерство за финансии и Народна банка да помогнеме во тој процес и секако ќе направиме она што е до нас. Меѓутоа, главниот дијалог во тој дел треба да биде меѓу банките и претпријатијата за здрави добри проекти да се одобрат финансиски средства, изјави министерот за финансии одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.

Според претседателот на Здружението на банкарство Ѓорѓи Јанчовски  истакна добиените податоци за индустриското производство се оптимистички и оти во наредниот период ќе следи и зголемено кредитирање од страна на банките.

– Банките кога ги даваат кредитите ги даваат врз основа на некои критериуми и како што рече министерот за финансии во изминатата година и пред тоа ние имавме на некој начин историски зголемена ликвидност. Намаленото давање кредити се должеше, односно беше одраз на она што се случува во стопанството. Стопанството нема некој пораст и не може банките да го зголемуваат кредитирањето за десет отсто, истакна Јанчовски.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите