Стапката на невработеност во Швајцарија и натаму е на ниско ниво

Од:

Стапката на невработеност во Швајцарија во февруари годинава изнесуваше 3,4 отсто од активната популација, шо значи дека без работа во земјата во моментов се 146.001 лице, што е за 2.157 помалку отколку во јануари.

Стапката на невработеност во Швајцарија е меѓу најниските во светот, и во февруари изнесуваше 3,4 отсто, колку и во изминатите месеци, соопшти Државниот секретаријат за економија, а пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

На годишно ниво, невработеноста нараснала за 9,6 отсто, но во категоријата млади лица (од 15 до 24 години) во февруари се намилила за 3,2 отсто, додека во однос на истиот месец од претходната година, сепак, е зголемена за 7,6 отсто.

Во февруари оваа година бројот на понуди за работа се зголеми на 16.035, што е дополнителни 1.476 работни места во однос на претходниот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски