ССМ очекува законот за мобинг да биде донесен по изборите

Од:

Предлог законот за мобинг инициран од Сојузот на синдикати на Македонија се очекува да биде усвоен по завршувањето на локалните избори во државата. Текстот на законот веќе е разгледан и прифатен од страна на Економско-социјалниот совет на неговата последна седница.

Според претседателот на ССМ Живко Митревски, законот ја разработува целокупната постапка за утврдување на мобинг, како и санкциите што би следувале доколку се утврди ваквата појава.

– Она што досега претставуваше најголема тешкотија е тоа што имаше само еден член за мобинг вграден во Законот за работни односи. Тој не беше доволен, бидејќи во него не се дефинирани правата и обврските на работодавачот и работникот во текот на утврдувањето на постапката. Значи, досега не постоеше постапка на кој начин ќе биде утврден мобингот во претпријатието, изјави Митревски пред денешната промоција на книгата „Што постигнавме-програмски потврди“.

Тој најави и иницијатива за измени на Законот за работни односи во делот на колективното договарање. Ќе бараат задолжително спроведување на колективните договори и зголемување на санциите доколку не се реализираат овие договори.

– Побаравме анализа за спроведувањето на колективното преговарање. Наша оценка е дека не е доволно само да се потпише колективниот договор, туку потребно е тој да се имплементира. Од тие причини ќе побараме комплетен извештај за спроведувањето на колективните договори и од наша страна најверојатно ќе следи активност за измена на Законот за работни односи во делот на задолжителната обврска да се спроведуваат колективните договори и барање за зголемување на санкциите, рече Митревски.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја промовираше книгата „Што постигнавме – програмски потврди“ која претставува осврт на сето она што е сработено во изминатиот период.

Би можело да ве интересира

Владата и Синдикатите постигнаа договор, платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

Орце Костов

Ковачевски: Платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува и решение ќе има

Филипче: Соочени сме со огромен ризик да имаме нов силен бран, верувам синдикатите ќе сфатат колку се битни мерките

А1он

Синдикати и здруженија: Регулаторна веднаш да ја повлече одлуката за поскапување на струјата

А1он

Здруженија и синдикати бараат казни и присилна наплата за фирмите кои зеле државна помош, а не исплатиле плати

Ана Ололовска