ССК во Подгорица на Самитот 16+1 со декларација за зајакнување на трговската соработка

Од:

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпиша билатерален договор за зајакнување на трговската и економска соработка со Стопанската комора на Пекинг, како и Декларација за воспоставување на механизми на лидерите на носечките комори на земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во процесот 16 + 1 кој има за цел да ја зголеми соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ.

Претседателот на ИКТ Комората при ССК, Саша Огненовски, учествува на овој значаен Самит на највисоко ниво со градоначалници на 16. земји од ЦИЕ, претседатели и заменици на стопански комори вклучени во процесот од ЦИЕ, како и градоначалникот на Пекинг.

Огненовски, на тркалезната маса во присуство на Стопанските комори, ги истакна веќе воспоставените заложбите на ССК која негува одлични релации со НР Кина и ја нагласи важноста за зголемување на можностите на приватниот сектор во Република Македонија.

„Потпишаните договори со прецизно воспоставени цели и активности на делување, значат нови можности за македонските компании, преку ССК активно да се вклучуват во иницијативите за зголемување на соработката и трговските партнерства со Кина и 16. земји вклучени во овој мега проект за економска, политичка и културна соработка. Сите организации потписници на декларацијата се обврзани да ги имплементираат резолуциите донесени на тркалезната маса, што ќе значи зајакнување на комуникацијата и меѓусебната соработката, поврзување, како и градење на трговски релација и промоција на инвестиции. Иницијатор на декларацијата е Стопанската комора на Пекинг со која потпишавме и засебен билатерален договор за соработка“, рече Огненовски.

ССК неколку години наназад активно учествува на форумите на 16+1 за подобрување на конкурентоста на компаниите од Република Македонија, за што активно работи и на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат” за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина