Српската Влада го поздрави укинувањето на заштитната мерка за пченицата

Од:

Српската Влада ја поздрави одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна.

Како што изјави министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ, Србија очекува Македонија во иднина да не спроведува вакви мерки зашто тоа е од интерес за двете страни.

– Ако ги искористиме сите потенцијали, трговската размена меѓу двете земји може да достигне една милијарда евра наспроти сегашните 600 милиони, рече Љајиќ.

Македонија ја воведе мерката за условен увоз на пченица и брашно во јули годинава за да го заштити домашното производство. Откако надлежните оценија дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици за какви било нарушувања, донесена е одлука за укинување на мерката на 2 септември, а за брашно во првата половина на идниот месец.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија