Средба на Заев со претставници на ЗИП Институт: Добредојдени се сите искуства и идеи кои ќе придонесат за искористување на економските капацитети на земјата

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Агим Селмани, извршен директор на Институтот ЗИП, во чија придружба беа и проект координаторката на институтот Јована Перовска и д-р Калман Мижеи, поранешен дипломат и економист од Република Унгарија.

Претставниците на ЗИП Институтот го информираа премиерот Заев за нивните потенцијали и експертиза, особено во сферата на неформалното образование, првенствено кај младите луѓе, како и во реформите во јавната администрација и локалната самоуправа со цел подобрување на демократските процеси и придонес во креирањето политики.

– Како Влада сме отворени за сите иницијативи, истражувања и проекти кои ќе помогнат во искористување на економските капацитети и ќе овозможат отворање на нови работни места во државата – рече премиерот Заев на средбата.

На средбата се разговараше за важноста од поврзување на регионот и за отворање соработка меѓу земјите во клучни области, како придонес за економски развој, што е основа и за справување со заедничките безбедносни предизвици и европски перспективи.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска