Средба на Заев со претставници на Дојче Телеком: Владата воспостави стабилна инвестициска клима

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ги прими Шрини Гопалан, член на Управниот одбор на Дојче Телеком за Европа и главниот извршен директор на Македонски Телеком Андреас Елснер.

На состанокот присуствуваа и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, и владиниот претставник во Собранието на акционери на Македонски Телеком – АД Скопје и Горан Трајановски, член на Одборот на директори и кандидат на Владата на РМ за главен оперативен директор на Друштвото.

Премиерот Заев информираше дека Владата на Република Македонија интензивно работи на воспоставување на стабилна бизнис и инвестициона клима којашто ќе ја гарантира сигурноста и стабилноста на странските инвестиции.

„На нашата земја и е потребен пораст на домашниот бруто производ поголем од пет проценти и тоа можеме да го постигнеме само со охрабрување на компаниите да инвестираат и да отвораат нови работни места, за да се подобри животот на граѓаните во секој сегмент“, рече премиерот Заев оценувајќи дека Дојче Телеком е многу важен инвеститор во Република Македонија, со кого треба искрено да се соработува и да се гради професионален однос.

На средбата, претставниците на обете страни посочија дека соработката во областа на телекомуникациите во иднина ќе се интензивира и дека во земјата се чувствуваат услови и подобрена бизнис клима како важен предуслов за ваков тип на соработка.

Состанокот беше искористен и за разговори во врска со идните перспективи за дигитализација на Република Македонија, е-Влада, е-здравство, е-администрација и воведувањето на апликации и активности во проекти како „паметни градови“ ,,паметно осветлување“, ,,паметно паркирање“, и во проекти што го олеснуваат животот на граѓаните за побрзо доаѓање до документи, известувања и друго
.
На крајот беше заклучено дека Македонија располага со значајни технички и човечки капацитети и постојат услови за воведување на најновите телекомуникациски трендови и остварување на современите потреби на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска