Средба на министерот Јанакиески со генералниот секретар на ИРУ

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска на средба  со генералниот секретар на Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) Умберто де Прето ги претстави реализацијата и напредокот на проектите за подобрување на патната и железничката инфраструктура долж  паневропски коридори 8 и 10 и  обновата на возниот парк на ЈСП „Скопје“

Јанакиески, соопшти по средбата Министерството за транспорт и врски,  ги презентира активностите за изградбата на автопатот на потегот Демир Капија – Смоквица и проектите за ремонт на пругите долж Коридорот 10, рехабилитацијата на железничките станици и набавката на нови дизел и електромоторни гарнитури и вагони за потребите на железницата.

Де Прето, според соопштението, ја истакнал стратешката позиција на Република Македонија во развојот на туризмот и трговијата, при што нагласил дека клучно за нивниот развој е континуираното инвестирање во инфраструктурата и ја изрази својата отвореност и поддршка во секој сегмент во сферата на транспортот.

– Генералниот секретар на Меѓународната унија за патен транспорт го поздрави начинот на кој во Република Македонија по електронски пат се врши распределбата на транспортни дозволи и изрази заинтересираност на следната распределба да испратат свој претставник кој ќе ја следи со цел претставување на истата како пример на добри практики, се вели во соопштението.

На средбата присуствуваше и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Мишо Николов и управителот на „Македонија сообраќај – АМЕРИТ“, Златко Кочовски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска