Средба на министерот Бектеши со амбасадорот Река

Од:

Проектот за изградба на далноводот Битола-Елбасан, кој се очекува да ја стабилизира и зајакне дистрибутивната мрежа за електрична енергија, бил една од темите на средбата на министерот за економија Крешник Бектеши со албанскиот амбасадор во Македонија Фатос Река.

На средбата, како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши ја пофалил одличната соработка помеѓу двете држави во сите области, особено економската соработка.

– Двајцата соговорници се согласија за продлабочување на меѓусебната соработка преку поголема трговска размена, зголемување на бројот на туристи во двете земји и поттикнување на инвестициите кај бизнис секторот во различни капацитети во Македонија и Албанија, се вели во соопштението.

Албанскиот амбасадор Фатос Река, како што информираат, упатил покана до министерот Бектеши за официјална посета на Република Албанија.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он