Средба Хан – Вучиќ: Србија нема да возврати со никакви контрамерки на таксите на Косово, бидејќи сака да остане сигурен партнер

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со кого разговараше за потезите на Приштина, односно воведувањето зголемени такси за производи од Србија и БиХ, како и за регионалната стабилност.

На средбата, која претходно не беше официјално најавена, како што соопштија од кабинетот на Вучиќ, тој истакнал дека Србија е подготвена да го продолжи дијалогот со Приштина, откако таа ќе ги повлече неодговорните чекори.

– Србија нема да возврати со никакви контрамерки, бидејќи сака да остане сигурен партнер, како во регионот, така и во Европа и светот, истакнал Вучиќ.

Еврокомесарот Хан нагласи дека долгорочната стабилност бара помирување и добрососедски односи и изрази целосна поддршка за напорите за мирно решавање на кризата, почитувајќи ги нормите на меѓународното јавно право, како и постигнатите регионални договори, се наведува во соопштението.

По посетата на Белград, Хан заминува во Приштина, која одбива да го прифати повикот од Брисел за укинување на даноците, со што го крши ЦЕФТА договорот.

Неговото пристигнување во Косово го очекуваат и српските пратеници, кои од вчера се наоѓаат во косовското Собрание и бараат Хан да разговара со нив.

Како што е најавено претходно, Хан ќе разговара со претставниците на косовските власти и опозицијата во Приштина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва