Србија постигна договор со ММФ

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти дека неговата Влада постигнала договор за кредитен стенд-бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), истовремено обврзувајќи се за намалување на држаните трошоци и намалување на растот на државниот долг.

Тригодишниот договор е постигнат денеска, откако Србија се согласила до 2017 година да го намали буџетскиот дефицит од 8 на 3 отсто од бруто домашниот производ со намалување на платите во државниот сектор и пензиите, како и намалување на субвенциите за државните компании.

Според Вучиќ договорот е добра вест за Србија по години на избегнување на економски реформи.

Во 2012 година ММФ ја замрзна кредитната програма за Србија, откако претходната влада пред изборите обезбеди субвенции за државните компании со загуба и не успеа да ги исполни финансиските цели, поставени од кредиторот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија