Спорот на ЕУ и Колумбија за замрзнатиот помфрит пред Светската трговска организација

Од:

Европската Комисија по бројните обиди да го реши спорот на билатерално ниво, денеска официјално отвора процедура пред Светската трговска организација (СТО) против Колумбија поради замрзнатиот помфрит од Белгија, Германија и Холандија.

ЕУ и забележува на Колумбија дека анти-дампинг мерките воведени против европскиот замрзнат помфрит се нелегални според правилата на СТО.

И покрај бројните интервенции Колумбија да ги повлече неоправданите мерки, не добивме задоволителен одговор, затоа сега преземаме чекор за отворање предмет во СТО. ЕУ ќе продолжи да го користи мултилатералниот трговски систем за да се почитуваат правилата кога други ги прекршуваат, посебно кога тоа ги става во опасност работните места и индустријата на ЕУ, се надеваме дека наскоро ќе го решиме спорот, изјави еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром.

Богота воведе заштитни мерки против европскиот замрзнат помфрит во износ од три до осум отсто минатата година, што, според европските служби, засега 85 отсто од извозот на замрзнат компир од ЕУ односно 19 милиони евра годишно.

Процедурата пред СТО предвидува начелно двомесечна консултација, СТО потоа ќе им понуди на двете страни опции за решавање на проблемот на взаемно прифатлив начин.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ