Советодавни денови на Германскиот пензиски фонд во Македонија

Од:

Службеници од Германскиот фонд за пензиско осигурување ќе одржат советодавни денови во Македонија на 7 и 8 ноември, кога лицата кои работеле во Македонија и/или во Германија, ќе имаaт можност да се посоветуваат и информираат за нивните индивидуални права на пензија и од германското и од македонското пензиско осигурување.

– Лицата имаат можност да се информираат за најраниот термин за пензионирање и за висината на пензијата, пресметувањето и докажувањето на стажот, постапката за исплата на пензијата, постапката за поднесување барање за пензија, инвалидност…, соопшти денеска германската Амбасада во Македонија.

Советодавни денови ќе се одржат во Тетово на 7 ноември, од 9:30 до 16 часот, во простории на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Скопје на 8 ноември во периодот од 9:00 – 16 часот, во просториите на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Од Амбасадата на Германија во Македонија информираат дека заинтересираните граѓани темин можат да закажат на телефонскиот број (00389) 215 215.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна