Состанок на министрите за финансии на еврозоната посветен на Кипар

Од:

Министрите за финансии од земјите-членки на еврозоната денеска одржуваат состанок во Даблин посветен на финансирањето на покривањето на неликвидноста на Кипар.

Состанокот во ирскиот главен град се одржува во услови на зголемена загриженост во ЕУ, откако новите пресметки на кредиторите покажаа дека Кипар му се потребни многу повеќе пари за спас од банкрот, отколку што тоа претходно се мислеше.

Цената на операцијата за спас на Кипар се зголеми до 23 милијарди евра, наместо 17,5 милијарди колку што претходно се мислеше дека се потребни за санација на кипарската финански криза.

Покрај одобрените десет милијарди евра од ЕУ и ММФ, Кипар самиот ќе треба да ги обезбеди другите 13 милијарди, што е повеќе за од шест милијарди од износот што кипарските власти претходно требаше да го обезбедат за покривање на финансиската конструкција за спас на земјата.

Министерот за финансии на Луксембург, Лук Фраиден пред почетокот на состанокот во Даблин изјави дека кредиторите не ќе може да ги зголемат веќе одобрените десет милијарди евра за спас на Кипар.

Претставник на кипарската Влада синоќа најави можност Кипар да продаде дел од златните резерви за да дојде до потребните средства што земјата самата мора да ги обезбеди.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска