Сомнежите потврдени – офшор „инвеститорите“ намирисале „златна кокошка“ во Макпетрол

Од:

Полугодишниот финансиски извештај на нафтениот гигант Макпетрол, во кој компанијата прикажува раст на добивката и рекордна продажба на нафтени деривати во периодот јануари-јуни годинава, е потврда за сомнежите дека офшор-бизнисмените од „Балкан Петролеум“ се обидуваат за евтини пари да добијат „златна кокошка“.

Макпетрол објави дека во првата половина од годинава, продажбата на мало е зголемена за 12 проценти, а добивката се искачи на 109 милиони денари, што е подобрување на финансискиот резултат од 370 милиони денари во споредба со лани. Токму ваквиот нагорен тренд во резултатите на Макпетрол, според познавачите, се објаснување зошто токму сега, сомнителните руско-украинско-израелски бизнисмени посегнуваат по најголемата македонска нафтена компанија.

Според ова, јасно е дека „инвеститорите“ подолго време ја следеле работата на Макпетрол, свесни за потенцијалите и добрите перспективи на компанијата, па решиле да се обидат да ја преземат сега, кога нејзината цена и натаму е многу под реалната вредност.

Во првото полугодие од 2016 година, Макпетрол собори рекорд во продажбата на нафтени деривати (со тоа зголемувајќи го уделот на пазарот), дополнително ја намали кредитната изложеност кон банките, а во исто време и двојно ги зголеми приходите од камати и курсни разлики во однос на лани. Компанијата исто така ги зголеми и приходите од промет со останати стоки на бензинските станици, а ги намали и трошоците за суровини и други материјали за 74%. Сево ова јасно укажува на трендот на силна консолидација на Макпетрол на пазарот, како и за перспективите на раст на цената на акциите на компанијата во следниот период.

Обидот за преземање на Макпетрол од страна на анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум“, според овие показатели, ги потврдуваат тезите дека сомнителните офшор-бизнисмени се обидуваат да влезат на мала врата (и за ниска цена) во компанија чии перспективи се одлични и која во следниот период ќе биде многу повредна.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана