„Солидарност“: Владата најави отпишување на долговите за 100.000 лица, ама им отпиша на 4.700

Од:

„Владата на Република Македонија преку серија мерки драстично ја зголеми сиромаштијата и овозможи да дојде до голем пораст на класните разлики. Поради ваквите мерки, голем број социјално загрозени граѓани не можат да примаат социјална помош, а голем број невработени лица го изгубија правото на „сини картони“, па дури и правото да бидат евидентирани како невработени лица. За да ја прикрие својата антисоцијална политика, Владата минатата година на големи фанфари најави еднократно отпишување на долговите за три категории социјално загрозени граѓани: приматели на социјална помош, невработени лица и лица со инвалидитет.

Наместо да преземе системски мерки кои ќе ја намалат сиромаштијата, таа презеде маркетиншка кампања, преку која, со парите кои ги заштеди на социјалните случаи и невработените лица, сакаше да се промовира во бранител на правата токму на социјалните случаи и невработените лица.

Наспроти владината пропаганда, која тврдеше дека од 50 до 100 илјади граѓани ќе профитираат од еднократното отпишување на долговите, Левичарското движење „Солидарност“ алармира дека воведените критериуми се престроги и дека отпишувањето на долговите ќе важи за мал број граѓани. За жал, но и очекувано, така и се покажа.

Наспроти помпезното лицитирање со бројки од 50 до 100 илјади граѓани, Министерството за финансии вчераобјави дека досега се реализирани само 4.670 барања. И дека од пријавените 41.765 граѓани, само секој деветти добил позитивен одговор!

Посебно внимание заслужува и следниот податок. За отпишувањето на долговите на 4.670 лица се потрошени 430 милиони денари (7 милиони евра). Тоа значи дека просечно на секое лице му простиле долг од околу 91.000 денари. Ако се имаат предвид скромните потреби на социјалните случаи и ригорозната политика на компаниите за ускратување на услугата поради заостанат долг, останува нејасно како е можно да се има толку висок просек на износот на отпишаниот долг по примател!

За крај, Левичарското движење „Солидарност“ ја повикува Владата да престане да се мачи да изигрува социјално загрижена влада. Веќе никој не верува во тоа. За крај, Левичарското движење „Солидарност“ ја повикува Владата да престане да се мачи да изигрува социјално загрижена влада. Веќе никој не верува во тоа. Нејзината антисоцијална политика е повеќе од јасна и барем нека се воздржи од трошење на народните пари на скапи маркетиншки кампањи за замајување на народот. Зашто тие повеќе едноставно немаат ефект“, соопштуваат од левичарското движење „Солидарност“.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

A1on

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

A1on

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Да се интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите за физички лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Предлагаме закон за отпишување на сите камати на граѓаните-должници, за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година