Со Визер од Скопје до Гетеборг

Од:

Скопје – Гетеборг е новата директна авио-линија од скопскиот аеродром што ја обезбеди  компанија „Визер“, најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа.

Со новата авио-врска која ќе почне да функционира од 31 мај, од компанијата очекуват годинава да пренесат 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што би претставувало пораст од 300% во споредба со 2012 година.

Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари  за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.

– Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за шведските клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на Визер. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор, вели Џон Стивенсон, потпретседател на Визер.

Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството.

До Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17:20 часот, со Eрбaс А320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо