Со регионална работилница во Прилеп почнува кампањата за консолидација на земјоделското земјиште

Од:

Земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од Министерството и Платежната егнција, ќе учествуваат на денешната регионална работилница во Прилеп за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.

Со работилницата ќе почне годинашната кампања за консолидација на земјиштето која, како што најавуваат од Канцеларијата на ФАО во Скопје, ќе трае наредните два месеца.

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација согласно Националната стратегија 2012-2020 и Законот за консолидација, како и за тоа како да аплицираат на повикот за изразување интерес за проекти за консолидација на земјиште кој ќе биде отворен од денеска и ќе трае овој и идниот месец.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), финансиран од ЕУ, што го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство.

Следните работилници ќе се одржат во Куманово и Струмица, на 7-ми и 12 март. Кампањата, пак, предвидува посети на Кривогаштани, Старо Нагоричане, Босилово и Колибари каде на потенцијалните кандидати ќе им се помогне да аплицираат за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. Овие активности имаат за цел да придонесат при изборот на нови 12 потенцијални области за консолидација.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот