Словенците со бонови ќе им помагаат на локални фризери, козметичари, масажери чии салони веќе со недели се затворени

Од:

Поради епидемијата нановиот коронавирус во Словенија најголеми финансиски и економски последици трпат малите бизниси, покажуваат државните анализи.

Со цел да им се помогне приватна компанија направи интернет-страница и мобилна апликација со која граѓаните можат да купуваат услуги кои ќе ги добијат по завршувањето на изолацијата и епидемијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Граѓаните кои сакаат да им помогнат на своите локални фризери или козметичари, чии салони веќе со недели се затворени, можат да купат таканаречени бонови за услуги, со кои во кризната ситуација директно финансиски ќе ги помогнат, а секако услугата ќе ја добијат кога ќе заврши епидемијата.

Поради тоа Словенците преку оваа интернет-страница и апликација купуваа бонови пред се за фризер, козметичар, масажа, хемиско чистење, перење автомобил и друго.

Инаку, според некои песимистички анализи, поради епидемијата на Ковид-19, словенечката економија ќе забележи пад од 25 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија