Словачкиот премиер ја исклучи можноста од дополнителна помош за Грција

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја исклучи веројатноста од секаква дополнителна помош за Грција, истакнувајќи дека Словачка „мирно“ ќе го дочека евентуалното излегување на Грција од еврозоната, соопшти грчкиот сајт њуз.ин.

Никој во Европа не сака да дава пари за Грција, рече словачкиот премиер во интервју за „Фајненшел тајмс“ и дополни дека нему ќе му биде невозможно да објасни на словачката јавност дека сиромашната Словачка треба да ја финансира Грција.

Според Роберт Фицо, евентуалното излегување на Грција од еврозоната „е помалку опасно сега, отколку пред две, три или четири години“.

Словачка, како членка на еврозоната, во јуни 2012 година се закани дека ќе побара Грција да ја напушти монетарната унија доколку Атина не ја прифатеше програмата за рестрикции во замена за меѓународната помош, што ја добива.

Доколку Грците не ги почитуваат условите кои и се поставени за заздравување на нејзините финансии, Словачка ќе се приклучи кон земјите кои ќе побараат Грција да ја напушти монетарната унија, изјави тогаш Роберт Фицо.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос