Скромен раст на авиопатници

Од:

Бројот на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е зголемен само 2 отсто во месец јануари во однос на јануари лани. Ова е големо намалување ако се земе предвид дека зголеменувањето беше 20 отсто на јануари минатата година спредено со истиот месец 2011та година, вели интернет страната Балкан.

Низ аеродромите во Скопје и Охрид годинава поминаа 65, 700 патници, објави операторот ТАВ. Од друга страна,бројот на летови изнесувал 893, што е за 3 отсто помалку од преклани. Во изминативе 12 месеци бројот на летови бил 11, 255, што е пад од 6 отсто споредено со претходните 12 месеци.

„Скромниот раст е донекаде разочарување, ако се земе предвид дека „Виз Ер“ воведе 6 нови линии од скопскиот аеродром, а и „Флајдубаи“, исто така, лета од аеродромот за разлика од ланскиот јануари. Ако Скопје сака да ја достигне зацртаната цел и да услужува милион патници годинава, аердомот ќе треба да забележи значителен раст во следните месеци. Во јануари 2012 година, скопскиот аердром прикажа раст од 20 отсто споредено со претходната година, стои во веста на специјализираниот портал „Екс-Ју Ејвиешн Њуз“, кој го покрива авиосообраќајот на територијата на поранешна Југославија.

Бројот на патници може да се зголеми благодарејќи на најавите на неколку нови компании кои објавија планови да лансираат летови од скопскиот аеродром. Неодамна, чартер комапнијата „Алба“ започна да лета од Скопје за Рим и Базел секој викенд. „Нордик Ер Свиден“ ќе ги инаугурира своите летови за Копенхаген на 28ми февруари, „БиХ Ерлајнс“ ќе започне да лета за Сараево од 1ви април, а „Џетерфлај“ ќе ги обнови сезонските летни летови од Брисел. Исто така, постои можност „Виз Ер“ да го зголеми присуството во Скопје со нови линии, додека нискобуџетниот „Флајдубаи“ ќе ја зголеми фреквенцијата од двапати на трипати неделно ова лето, а „Катар Ервејс“ размислува да лансира летови од Доха за Скопје подоцна годинава.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо