Скопје и Атина ќе работат на сообраќајно поврзување и регионални проекти

Од:

Интензивирање на соработката, заедничко учество во регионални проекти во делот на патната и железничката инфраструктура, олеснувањето на протокот на луѓе и стоки, разгледување на можностите за нови авио линии помеѓу Северна Македонија и Грција, биле теми на разговор меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Кристос Спирцис. Ова, како што оценија тие по средбата, е визија чија реализација е значајна, не само за развојот на двете земји, туку и за регионот воопшто.

-Доста се измалтретирани балканските земји, треба да свртиме страна за да се овозможи развој, а тој пат се отвора по поптишувањето на Договорот во Преспа. Визијата што сакаме да ја реализираме е ако некој патува во земјите на централна Европа е да констатира дека може да се движи од една земја во друга без да знае каде се границите, дали има граници, без да има застој на транспорт на производи со многу алтернативни начини. Визијата ни е да може луѓе да живеат во една земја, и да работат секојдневно во друга земја, рече грчкиот министер Спирцис.

Тој додаде дека за да се почне од некаде да се реализира оваа визија, двете министерства треба да работат интензивно и да подготват и потпишат договори за тесна соработка особено во патен сообраќај, инфраструктура, железнички сообраќај и авиосообраќајот пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје.

За реализирањето на визијата, рече, покрај добрата волја и работата на институциите ќе придонесе и пријателството меѓу двата народа.

Спирцис најави дека Грција ќе и помогне на земјава за вклучување во меѓународни организации од сферата на патниот и железничкиот сообраќај, а министерот Сугаревски, пак, дека ќе се лобира во Европската унија за заеднички проекти во инфраструктурата и оти претстојниот период ќе биде посветен на сериозни подготовки за апликација за средства за нивна реализација.

– Република Грција е наш сериозен партнер, како економски така и во нашите интегративни евроатлански и европски процеси. Овие заеднички средби и состаноци се во духот на продлабочување на соработката меѓу двете земји во полето на транспортот и услугите. Географиски, положбите на двете земји се од особено значење за развој на регионот и од таа причина верувам дека проектите што ги работиме регионално, ќе придонесат за економско јакнење на сите земји од регионот, како и за подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните, рече Сугарески.

Го информирал министерот Спирцис дека се реализраат сериозни инвестиции во моденизација на патиштата на Коридорот 10. Ова, рече, е од особено значење и за двете земји со оглед на транспортот на стока и патници што транзитира низ нашата земја, за кои крајна дестинација е Грција или пак го користат коридорот за излез на европскиот пазар.

Се разгледувале можностите за развој на железничкото поврзување, конкретно на рехабилитација на останатиот дел од пругата на Коридор 10, како и побрзото поврзување од Битола до граничниот премин Меџитлија. Со потпишување на овие спогодби, кои, како што рече, се надева дека ќе бидат во скоро време, ќе се овозможи спроведувањето на граничните процедури на полицијата и царината, како и на другите инспекциски служби да се вршат од едно место и тоа на преминот Гевгелија-Идомени, со заедничка гранична зграда во Гевгелија, а на граничниот премин Кременица-Неа Кафкасос, со заедничка гранична зграда во Неа Кафкасос.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска