Скопјанец во 2021 година имал бруто доход од четири милиони евра, адвокати и нотари со највисоки плати од самостојни дејности

Од:

Речиси 50.000 граѓани имале бруто доход од над еден милион денари, додека најголемиот дел, вкупно 623.690 лица остварил бруто доход од 100.000 до еден милион денари. Ова се официјалните податоци кои директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција ги презентира според податоците од годишната даночна пријава за 2021 година.

„Во однос на 2020 година, во 2021 година зголемен е бројот на граѓани, односно 25 граѓани оствариле приход над 100.000.000 денари, а 757 граѓани од 10 до 100 милиони денари. На врвот на листата со годишен бруто доход од 244,3 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примањата се од плата и дополнителни примања од странство. Највисокоата годишна бруто плата во 2021 година е граѓанин од Скопје и е исплатена во дејноста трговија на големо со производи од тутун, 122,3 милиони денари“, истакна Лукаревска.

Граѓанин во 2021 година од Скопје ја остварил најголемата капителна добивка во износ 130,1 милион денари, од продажба на сопственички удел. Највисоката дивидента ја добил граѓанин од Велес во висина од 203 милиони денари од исплатувач чија дејност е трговија на мало со храна и пијалоци.

На врвот на листата на исплата од доход од самостојни дејности се скопјани, а највисокиот износ е 102,4 милиони денари. Во Топ 10 листата се адвокати, нотари, угостители, вработени од трговија на мало, лица од дејноста малтерисување.

„Жител на Ресен остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи, 17,6 милиони денари, а скопјанец имал највисок доход од 37 милиони денари од издавање на деловен и стабен простор. По основ на игри на среќа на жител од Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државна лотарија, а второрангираниот по овој основ остварил добивка од обложувалници 31,3 милиони денари. Пензионер од Скопје пријавил странска пензија од 5,8 милиони денари годишно“, додаде директорката на УЈП.

Во категоријата друг доход се вклучени доходи од различни извори кои не се вклучени во Законот за личен доход како што се доход со електронска трговија на интернет и доход од продажба на отпад.

„Тетовчанец по овој основ пријавил 171,3 милиони денари годишен бруто доход, а тетовчанка е второрангирана со 155,1 милион денари исплатени од компании кои работат со социјални мрежи и видео платформи“, рече Лукаревска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис

Горан Наумовски

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа

Просечната нето плата во март 40 496 денари

Орце Костов

Лукаревска од Кочани: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он