Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протетси пред Владата

Од:

Синдикалната организација на комбинатот Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев во однос на статусот на комбинатот.

Во денешното барање за средба испратено и до медиумите се наведува дека Синдикатот побарал состанок со премиерот на 17- минатиот месец, но од неразбирливи причини за нив тоа не се реализирал.

– Затоа со овој допис Ви се обраќаме со барање за одржување итна неодложnа средба. Доколку до крајот на неделава не се одржи средбата, ние како Синдикат ќе бидеме принудени поради огромниот притисок на напуштените работници да организираме синдикални протести пред Владата на РМ, стои во барањето.

На почетокот на ноември лани Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31-ви октомври сѐ уште не беа поставени филтрите за отпрашување на воздухот.

Би можело да ве интересира

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување

Ана Ололовска

Отров од Југохром истекува во Вардар, се чека тендер за поправка на пречистителната станица

Жарко Настоски

Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите

Татјана Ташкова

Југохром не може да работи без филтри

Татјана Ташкова

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од Југохром и ги остави без работа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“

Ана Ололовска