Синдикатот бара да се спроведе одлуката за вработување 40 машиновозачи

Од:

Синдикатот на машиновозачи на Македонија при МЖ Транспорт АД Скопје бара да се спроведе одлуката на Владата за вработување на 40 машиновозачи на неопределено време. Ако не се вработи нов извршен персонал, според Синдикатот, ќе се откажат поголем број патнички и товарни возови.

Синдикатот се повикува на Одлука од 10. седница на Владата со број 41-8087/6 од 23 ноември 2022 година за прием на 40 машиновозачи на неопределено работно време со која што го задолжува Министерството за финансии веднаш да даде согласност.

-Бараме во најкус можен рок да се спроведе Одлуката, во спротивно поради немање доволен број машиновозачи (извршен персонал) ќе бидеме приморани да откажаме поголем број патнички и товарни возови со што би загрозиле и така лошата финансиска состојба на претпријатијата, стои во барањето што СММ го испрати до Владата и министерствата за транспорт и врски и за финансии.

Би можело да ве интересира

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

Орце Костов

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци

Десет дена нема воз Скопје-Битола