Десет дена нема воз Скопје-Битола

Од:

Поради расипана локомотива и денеска не сообраќа возот од Скопје за Битола кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици. Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.

Патниците од Велес, кои секојдневно патуваат на работа и на училиште во Скопје, се револтирани што го немаат овој воз кој многу има значи. Посебно револтирани се жителите од селата на Азот – Богомила, Теово и Согле, на кои овој воз им е единствената врска до Велес, Скопје, Прилеп и Битола.

Од „Македоски железници“ за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.

Би можело да ве интересира

Столбот на мостот на Црна река преку кој поминува возот ќе се прави околу два месеци

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

Поради расипана локомотива трет ден не сообраќа единствениот воз Скопје – Битола

Малку со воз, малку со автобус се патува Велес – Гевгелија поради прекин на железничката линија

Катерина Ѓуровски

Патниците биле заглавени во тунел четири часа, возот Скопје-Неготино удрил во железен предмет

Катерина Ѓуровски

Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник